Вести Економија

Поднесен предлог за намалување на функционерските плати

Група пратеници во Собранието денеска поднесоа предлог за пакет измени на шест закони со кои се регулираат платите на избраните и именуваните лица, со цел како што порачаа поправична распределба на буџетските средства.

Со предложените решенија се предвидува намалување на коефициентите за пресметка на платите, што според предлагачите е во согласност со Уставот и економските услови во државата.

Измените ќе ги опфатат платите на пратениците, министрите, судиите, јавните обвинители, членовите на судскиот и јавно-обвинителскиот совет, како и градоначалниците.

Намалувањето според нивните пресметки би изнесувало од 10.000 до 13.000 денари, а кај одредени функции и повеќе, со што, како што се наведува, ќе се обезбеди рационално користење на буџетските средства.

Предлагачите посочуваат дека заштедените средства ќе останат во Буџетот и ќе можат да се пренаменат за здравство, образование и социјална помош.

Пакетот закони е поднесен по скратена постапка, а од пратениците се бара широка поддршка за негово брзо усвојување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе