Вести Македонија

СДСМ: Мицкоски ја елиминира Ленче Ристовска, независната кандидатка за јавен обвинител

Промената на јавниот обвинител беше политичка цел на Мицкоски за воспоставување целосна контрола врз судството и Обвинителството. Сега гo гледаме сценариото за изборот на нов јавен обвинител по мерка на Мицкоски. Тој одлучува кој ќе биде назначен. Мицкоски ја елиминирашЛенче Ристовска, независната кандидатка за државен јавен обвинител, се посочува во соопштението од СДСМ.

-Иако Ристовска доби максимални 10 од 10 поени од Советот на јавните обвинители и позитивна оценка за својата професионалност и стручност. Мицкоски сам одлучува дека таа „не е во игра“, во живо, на телевизија. Независен јавен обвинител не му одговара на Мицкоски затоа што не може да го контролира. Професионалец со интегритет не му се вклопува во концептот, велат од СДСМ.

Од опозициската партија обвинуваат дека медиумскиот октопод на Орбан во Македонија и неговите 40 % медиуми што ги контролира веќе ја слават елиминацијата на Ристовска.

Кому веќе не му е јасно? Ставаат обвинител под нивна контрола, сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за членка на Судскиот совет, советник на Мицкоски во Уставниот суд. Владата ги знае судските одлуки за процесите што сè уште не се завршени, а Мицкоски од собраниска говорница им дели задачи и им кажува што и како да работат. Следува целосно погребување на правдата и правната држава. Исто како во времето на Никола Груевски, истакнуваат од СДСМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Барањето на Македонија за гаранции за влез во ЕУ е невозможно, став на Мојсовска во Топ Тема

Дејан Дејан

Протестен марш на ДУИ против укинувањето на одлуката за преименување на десетина улици од 2007-ма година

Igor Trajkov

Пораките од Брисел се јасни: без уставни измени, земјата може многу малку да искористи од новите иницијативи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе