Околу 12.000 македонски пензионери кои живеат во странство сè уште не го добиле линеарното покачување од 2.500 денари што беше исплатено во март минатата година. Причината е измената на член 37 став 1 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со која беше додаден услов пензијата „да се исплаќа во Република Македонија“.
Уставен суд на 25 февруари ќе одржи седница на која ќе одлучува по иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на спорниот член. Одлуката се очекува да даде одговор дали условот за исплата во државата е во согласност со Уставот и законите.
Меѓувреме, Комисија за заштита од дискриминација утврди индиректна дискриминација и го задолжи Министерството за социјална политика во рок од 180 дена да го измени законското решение. Мислењето на Комисијата е обврзувачко, а пензионерите во странство очекуваат конечно изедначување на правата.
Т.Д.
