Вести Економија

ДЗС: Просечната нето-плата во декември 46.889 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември во 2025 година изнесувала 46.889 денари и повисока е за 7,6 % во однос на декември 2024 година, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата од вработен во секторите: Транспорт и складирање за 13,4 %, Земјоделство, шумарство и рибарство за 10,9 % и Трговија на големо и трговија на мало; Поправка на моторни возила и мотоцикли и Образование за 9,7 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање за 12,8 %, Рударство и вадење на камен за 9 % и Градежништво за 7 %.

Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во декември 2025 година изнесувала 70.520 денари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе