Вести Свет Топ вести

Порошенко со порака: Никогаш не верувајте на Путин, ниту Трамп го разбира и запомнете – тој е офицер на КГБ

Поранешниот претседател на Украина, Петро Порошенко му порача на сегашниот претседател на оваа земја, Володимир Зеленски, никогаш да не му верува на рускиот претседател Владимир Путин и да влегува во преговори со него само кога има предност.

Тој за „Политико“ од Минхен рече дека се плаши оти тие максими ќе бидат игнорирани во тековните мировни преговори со посредство на САД.

Како што се наведува, Порошенко, кого го нарекуваат и крал на чоколадото на Украина, го рекол тоа врз основа на неговото искуство со договорите од Минск од 2014 и 2015 година, кои требаше да го замрзнат конфликтот околу Донбас, а ги потпишаа лидерите на Украина, Русија, Франција, Германија и украинските сепаратисти.

Порошенко, првиот избран претседател на Украина по „Евромајдан“ во 2013-2014 година, кога беше соборен Виктор Јанукович, кој беше поддржан од Москва, смета дека Зеленски направил грешка со тоа што се вклучил во преговори што ги исклучиле Европејците и дека требало да инсистира на итен прекин на огнот.

„И покрај катастрофата во Овалната соба минатиот февруари, тој требаше да се држи до едноставното барање за прекин на огнот. Тој не го разбира Путин и не го разбира Трамп. А имаме уште еден проблем: Трамп не го разбира Путин. А тоа е глобална трагедија, и тоа не само за Украина“, рече Порошенко.

„Трамп мисли дека Путин тргува со него и се обидува да добие подобри мировни услови. Тоа не е вистина. Путин не тргува. Тој има апсолутно поинакво разбирање. Путин сака да го обнови Советскиот Сојуз. Путин сака повторно да ја воспостави руската империја. Не се сомневам во тоа. Путин сонува за своето место во историјата, без оглед на цената на изгубените животи – руски животи и, се разбира, украински животи“, рече Порошенко, кој ја предводи главната опозициска партија Европска солидарност.

Тој верува дека Путин го користи барањето за територија на истокот од Украина „за да се обиде да ја дестабилизира внатрешнополитичката ситуација во Украина“ и да го уништи единството на земјата бидејќи секоја територијална отстапка би морала да се гласа на референдум, што би ги поделило Украинците. „Ова е руско сценарио. Запомнете, Путин е офицер на КГБ. Тој е специјалист за вакви работи“, рече Порошенко.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Барањето на Македонија за гаранции за влез во ЕУ е невозможно, став на Мојсовска во Топ Тема

Дејан Дејан

Протестен марш на ДУИ против укинувањето на одлуката за преименување на десетина улици од 2007-ма година

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе