Вести Македонија

Почнаа карневалските свечености во Струмица – во сабота големо дефиле на маски низ улиците на градот

Со симболичното предавање на карневалскиот клуч од градоначалникот на карневалџиите, и официјално започнаа карневалските свечености во Струмица. Со овој чин, градот и формално им беше препуштен на маските, музиката и веселбата, означувајќи го почетокот на деновите исполнети со боја, креативност и традиција.

„Ветуваме дека следните денови сите ќе бидеме на нога и ќе се забавуваме под маски, како што ние знаеме“, рече Танкица Стојанова, претседател на карневалски одбор.

Градоначалникот изрази надеж дека годинашното издание ќе биде едно од најуспешните досега, потенцирајќи дека карневалот е препознатлив белег на градот и значаен туристички настан. Претседателката на Карневалскиот одбор, пак, вети дека карневалистите ќе го кренат градот на нозе и ќе приредат незаборавно доживување за сите посетители.

„Верувам дека карневалистите добро ќе се грижат за градот и дека ова ќе биде незаборавно издание на Струмичкиот карневал“, изјави Петар Јанков, градоначалник на Општина Струмица, при доделување на клучот.

Во рамки на свеченостите беше одбележан и значаен јубилеј – 35 години изработка на карневалски маски на струмичанецот Цветко Багашовски. Тој истакна дека карневалот е негова голема љубов и страст, а во изработката на рачните креации му помагаат и членовите на неговото најтесно семејство. Неговите маски со години се дел од препознатливиот лик на струмичкиот карневал.

„Ова е љубов која трае доста долго. Уживам да правам маски, секако не сам, туку со целосна помош и поддршка на моето семејство“, рече Цветко Багашовски, карневалист.

Карневалската еуфорија ќе кулминира во сабота со големото карневалско дефиле, кога маскирани групи од земјава и странство ќе продефилираат низ улиците на градот. Во недела, пак, најмладите ќе бидат во центарот на вниманието на традиционалниот детски карневал. Струмица во наредните денови ќе живее во духот на карневалот – со насмевки, музика и раскошни маски што ја слават традицијата и креативноста.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Барањето на Македонија за гаранции за влез во ЕУ е невозможно, став на Мојсовска во Топ Тема

Дејан Дејан

Протестен марш на ДУИ против укинувањето на одлуката за преименување на десетина улици од 2007-ма година

Igor Trajkov

Пораките од Брисел се јасни: без уставни измени, земјата може многу малку да искористи од новите иницијативи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе