Драма за време на денешните протести во Сараево за неодамнешното излетување на трамвај од шините и усмртувањето на едно лице. Во моментот кога демонстрантите стигнаа пред Алипашината џамија, маж со автомобил тргна кон топлата, пренесуваат медиумите во БиХ.
Според „Дневни аваз“, благодарние на брзата интервенција на полицијата била избегната трагедија. Возачот е уапсен и, како што наведува медиумот, кај него е пронајдена дрога.
Граѓаните на Сараево, предводени од средношколци и студенти, денеска протестираа шести ден, изразувајќи незадоволство од недоволната безбедност во сообраќајот, барајчи одговорност од надлежните институции и конректна реакција за трагичната трамвајска несреќа во која животот го загуби 23-годишно момче, а 17-годишна девојка беше тешко повредена.
С.Д.
