Вести Македонија

Разговори во ФЗО за зголемување на платите во јавното здравство

Во Фондот за здравствено осигурување на Македонија денеска се одржа средба за зголемување на платите во јавното здравство, објави директорот на ФЗО Сашо Клековски.

„На средбата со Ѓорѓи Ставридис и Љубиша Каранфиловски од Самостоен синдикат за здравство и Предраг Серафимовски и Перо Спиров од Самостоен синдикат на Клинички центар разговаравме за моделите на зголемување на платите во јавното здравство“, наведува Клековски на Фејсбук.

Во следниот период ќе се прават финансикси анализи, врз основа на кои ќе продолжи дијалогот.

На средбата станало збор и за потребата од утврдување на репрезентативност на синдикатите во здравство, нов колективен договор за здравство и за справување со тужбите на вработени против јавните здравствени установи и негативните последици.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе