Сојузот на стопански комори на Македонија стравува дека продолжувањето на проблемите на камионџиите ќе предизвикаат дополнителни трошоци и намалување на конкурентноста на македонските компании на европските пазари на среде и долг рок.
Сојузот ги поддржува барањата на камионџиите за промена на европските правила, според кои возачите може да престојуваат во шенген-зоната најмногу до 90 во 180 дена, како и сите други граѓани.
Дури 96 отсто од превозот на стоки зависи од камионскиот транспорт.
Минатиот месец превозниците од Западен Балкан ги блокираа границите во знак на протест против европските правила. Во моментов се во тек разговори на земјите и превозниците од регионот со претставници на Европската комисија за решавање на проблемот.
