Вести Економија Македонија Топ вести

Протест на земјоделците пред Општина Тетово – бараат да бидат обесштетени по катастрофалното невреме во 2024 година

Земјоделците од Општина Тетово денес со јавен протест го изразија својот револт. Иако поминаа речиси две години од катастрофалното невреме во јуни 2024 година, сè уште ги чекаат ветените средства за претрпените штети, кои кај многумина се 100%.

Група на земјоделци од руралните подрачја во рамки на Општина Тетово со јавен протест алармираа дека се уште чекаат исплата на оштета поради невремето во јуни 2024 година.

Голем број од нив се соочиле со 100% оштетување на земјоделското производство.

Иако добиле решенија дека пет отсто од евидентираната штета ќе плати општината и уште толку преку државниот буџет, пари не добиле. Велат дека овие средства од оштетата им се потребни за да имаат со што да набават материјали за пролетната сеидба.

Се жалат дека немаат можност за осигурување на земјоделските поседи.

  • Јас 500 тона бостан сум имал штета. Со тоа се занимавам. Ни еден денар немам добиено од државата. На крај од оваа наша општина рекоа, пред месец дена се собравме тука, дека сме требале да се регистрираме, а тука кај нас нема такви што можеме да осигураме земјоделство. Никој не ги прима, изјава Муарем Исаки.

Од Општина Тетово информираат дека постапката е во тек и дека до крајот на февруари земјоделците ќе бидат обесштетени.

  • Надлежните институции ги завршија административните процедури, отворајќи го патот за извршување на исплатите. Според предвидената динамика, се очекува обесштетувањето на погодените земјоделци да биде извршено до крајот на овој месец, велат од Општина Тетово.

Според земјоделците околу 500 луѓе пријавиле штети по невремето во 2024 година.

Александар Самарџиев

Огромни материјални штети од вчерашното невреме во Тетово

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе