Вести Култура

Националниот џез оркестар ќе одржи концерт со реномираниот џез пијанист Ренато Чико

Националниот џез оркестар на Македонија ќе одржи концерт на 19 февруари, со почеток во 20 часот во Националната опера и балет (НОБ). На концертот, оркестарот ќе настапи со светски познатиот џез пијанист и органист Ренато Чико, под диригентската палка на маестро Џијан Емин.

Ренато Чико е музичар чиј уметнички израз се обликувал на њујоршката џез сцена во
90-тите години на минатиот век. Како член на оркестарот на Лајонел Хемптон и музички директор на „Џон Хендрикс&Компани“, тој делувал во самото јадро на американската биг-бенд традиција,
настапувајќи во реномирани џез клубови како Blue Note и Birdland.

На концертот ќе биде изведена програмата од неговиот албум „First Encounter – Organ&Big Band“, проект што ги поставува Хамонд оргулите во центарот на современиот биг-бенд
звук, преку оригинални композиции и специјално пишувани аранжмани.

Специјален гостин на вечерта е Енди Вотсон (Њујорк), тапанар со богата кариера на
американската џез сцена и соработник на ансамбли како Вангард Џез Оркестра и Тошико Акијоши Биг Бенд, чиј препознатлив израз претставува клучен елемент во звучниот
идентитет на овој проект.

Подолу линк од настап на триото на Ренато Чико:

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Емотивна средба на семејствата на прерано починатиот фудбалер Аган и на Давид кој му посвети гол на својот врсник

Дејан Дејан

Претставници од стотина компании и институции на првиот ИКТ форум Македонија – Грција, договорија соработка и доверба

Дејан Дејан

АХВ за две години спречила повеќе од 367 тони небезбедна храна да стигнат до потрошувачите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе