Вести Македонија

Добро да се размисли пред да се носи одлука за кратење на одредени студиски програми со малку студенти, вели професорката Лидија Георгиева

Пред да се направат одредени промени, меѓу кои и кратењето на одредени студиски програми со мал број студенти, како студиската програма Меѓународни и интеркултурни студии на Филозофскиот факултет при УКИМ која ја спомена министерката Јаневска, треба добро да се размисли, вели професор Лидија Георгиева, која предава на оваа студиска програма.    

„Значи самата програма треба да биде надминување на голем проблем кој го воочивме во хуманистичките науки и општествените науки во кои што требаше да се истражуваат современи појави или проблеми во 21- век, а ние бевме ограничени со можноста за такво истражување“, изјави проф. д-р Лидија Георгиева од Филозофскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Во ситуација во која високото образование се соочува со хиперпродукција на монолитни дипломи, дипломирани студенти без никакво искуство и високо образование кое е на дното на сите параметри на академски напредок на светско ниво, деструктивно е токму вакви студентски програми да се критикуваат и да се размислува за нивно укинување. Ваквата реакција на студентите на Меѓународни и интеркултурни студии следува по вчерашната изјава на министерката Јаневска во врска со кратењето на одредени студиските програми со тројца до пет студенти и воведување на модуларни студии, предвидено во новиот предлог Закон за високо образование.

„На почетокот беше пласирана како програма чии кадри се наменети за вработување во министерството за надворешни работи, сега Министерство за надворешни работи и надворешна трговија. И токму поради позадината, ние сме политиколози по меѓународни и интеркултурни односи и носиме една експертиза која вклучува предмети од креирање политики, градење политики на политички системи, па сè до вклучување на родовата перспектива, вклучување на еколошката перспектива, како и вклучување на различностите на групите кои ги имаат во едно општество и рефлексија на тоа во процесот на градење на политики“, вели Теодора Милевска, младински лидер за Цели за одржлив развој на Обединети Нации.

Во вчерашната емисија „Директно“, министерката Јаневска даде свое образложение за ваквите чекори кои претстојат со предлог измените на Законот за високо образование.

Спротивно на ставот на Јаневска, студентите на Меѓународни и интеркултурни студии сметаат дека малата бројка на студенти, со интердисциплинарниот метод на функционирање, кој претпочита следење на предмети од повеќе факултети на УКИМ, како Филозофскиот, Економскиот, Правниот и други факултети, претставува само практичност и ефективност.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)„Kако ќе се утврди вистината ако не се прикажат доказите“, прашаа родителите на денешниот 46. „Марш на ангелите“ во Кочани

Дејан Дејан

Израелскиот министер Кац со порака доТехеран: Доколку Иран се обиде да го нападне Израел ние ќе возвратиме со голема сила

Дејан Дејан

„Оставка!“ „Ова не е Москва!“ протести во Софија против владата на Румен Радев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе