Унгарските пари за општинските проекти се скратени за 100 милиони евра. Државата пред локалните избори им даде финансиска инјекција, а сега ги крати, бидејќи не можат да ги искористат.
Истражувањето на Центарот за граѓански организации уште покажува дека наместо првично најавените 250 милиони евра, сега се скратени на 149 милиони за да се користат до 2027 година.
Според истражувањето, Владата им пуштила пари на општините во предизборна година и тоа за локални избори, а веднаш по изборите направила значително кратење на Буџетот. Најчести проекти, и покрај тоа што беа најавени како развојни, се за асфалт, крпење дупки или канализација и најчесто доминираат неколку фирми кои ги добивале тендерите.
Во истражувањето на невладината е нотирано дека токму пред да се дадат парите, Фискалниот совет предупредил на ризикот ова да се престори во популистичка мерка, а парите поради изборите или неспособноста да не се искористат целосно и ефикасно.
