Вести Македонија Најважни

(видео)Тошковски и Мицкоски на тајно место каде се чуваат запленетите 40 тони марихуана

Од местото каде се чуваат запленетите 40 тони марихуана министерот Панче Тошковски за прв пат се обрати во јавноста за акцијата, но не пред камерите на медиумите, туку преку видео снимено од камерата на МВР.

Спакувана во кутии, марихуаната засега се чува во објект на МВР, а Тошковски придружуван од премиерот Христијан Мицкоски и директорот на БЈБ, Александар Јанев изјави дека незаконски се третирала, надвор од утврдените протоколи.

  • „Во соработка со сите останати институции, во соработка со сите надлежни комисии и инспекции сметам дека во еден разумен временски период ќе делуваме содветно за да можеме да го остраниме сето ова незкаонито произведена дрога на која секако крајна цел и биле или македонските улици или улиците низ Европа“, рече Тошковски.

И додека од МВР уверуваат дека се преземаат чекори да се утврди фактичката состојба и да се расветли случајот, одговори на прашањата нема, како 5 тони марихуана кои се пронајдени во Србија излегле од државава, како што тврдат тамошните власти.

 

Зошто никој не е приведен и покрај запленетите 40 тони марихуана од скопската Алфафарм и две струмички фирми.

Премиерот Мицкоски повтори дека ќе се проверуваат сите фирми за одгледување на медицински канабис. Како проблем го посочи донесувањето на правилникот, односно подзаконскиот акт од страна на претходната влада на СДСМ и ДУИ за да се одгледува цвет од марихуана кој не ги задоволува потребните норми.

  • „Тоа им било многу јасно на тие што го носеле тој правилник. Вистинското прашање е кој бил мотивот да се донесе таков правилник ако вие знаете дека не може да го постигнете квалитетот за да произведете масло кое што ќе се продава на пазарот и кое што ќе ги исполнува нормите“, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Од СДСМ прашуваат кој ќе одговара, бидејќи фактите упатуваат дека без поддршка од структури во власта, во МВР, во Царината и во други институции невозможен е шверц на 5 тони марихуана во Србија.

Во „Алфафарм“ беа запленети над девет тони марихуана по апсењето на нејзиниот ко-сопственик Иван Драгниќ во Србија. „Алфафарм“ е една од тие фирми која е формирана во пресрет на измените на правилникот во 2023 година според кои марихуана може да се одгледува и на нива, а тоа, според експерти, влијае на нејзиниот квалитет па затоа завршува на црн пазар.

Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја истражува поврзаноста на запленетите пет тони марихуана во Србија со одземените 40 тони. Српските надлежни органи тврдат дека марихуната пристигнала од македонско тло, а премиерот се уште нема информации дали петте тони излегле од нашата граница заведени како друга стока.

Министерот Тошковски воопшто не го спомна случајот во Србија.

Кутиите со марихана сместени во хангар ги чуваат припадници на специјалните полициски единици. Не е позната локацијата од безбедносни причини, а поради тоа не биле повикани медиумите за да известан, но и да постават прашања на кои се уште нема одговор.

Марија Митевска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе