Вести Свет

Максвел одби да одговара на прашањата на конгресмените, бара помилување од Трамп

Гилејн Максвел, осудена најблиска соработничка на сексуалниот предатор, Џефри Епстин, одбила да одговара денеска да одговара на прашања од членовите на комитетот за надзор на Претставничкиот дом на САД.

Максвел учествувала виртуелно на сослушувањето зад затворени врати од затворот во Тексас, каде ја отслужува 20-годишната затворска казна за трговија со луѓе.

Претседавачот на комитетот, републиканецот Џејмс Комер, изјави дека „како што било очекувано, Максвел се повикала на 5-тиот амандман“, односно уставно загарантираното право да не одговара на прашањата на конгресмените додека е под заклетва, за да не се инкриминира себеси.

„Ова е очигледно разочарувачки. Имавме многу прашања за неа за злосторствата кои таа и Епстин ги извршиле, како и прашања за можните соучесници во кривичното дело“.

Членовите на комитетот од Демократската партија, потврдија дека Максвел го искористила кусото појавување за да апелира за милост.

Но, барем според досегашните изјави на членовите на конгресниот комитет, Максвел е многу лоша личност, која не заслужува било каков имунитет.

Во објава на социјалните мрежи претходно, адвокатот на Максвел, Дејвид Оскар Маркус, напиша дека Максвел била подготвена целосно и искрено да одговори на сите прашања, доколку добие помилување од Претседателот Трамп.

„Само таа може да ја каже целата вистина. На некои можеби нема да им се допадне тоа што ќе го слушната, но вистината е важна“ – напиша адвокатот на Гилејн Максвел.

Претходно, во писмо испратено до членовите на комитетот пред обидот за сослушување на Максвел, група жени кои биле жртви на Епстин, апелираа до конгресмените да бидат скептични за секоја информација која ќе ја добијат од Максвел.

Тие ја критикуваат затоа што одбива да идентификува некои од мажите кои биле дел од мрежата на Епстин и затоа што не соработува со истражните органи. Секој посебен третман на Максвел или кредибилитет за нејзиното сведочење, би бил катастрофален за преживеаните на страотните злоупотреби, пишуваат некогашните жртви на Епстин.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Мицкоски по „козметичката“ реконструкција на владата ќе најави предвремени избори оти нема пари во буџетот

Дејан Дејан

Мицкоски се сретна со сопственици на маркети – се согласиле инфлацијата во јули да остане под 3%

Дејан Дејан

(фото)Најмалку 18 починати во Франција како последица на топлото време, меѓу нив се и две деца заборавени во автомобил

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе