Вести Македонија Најважни

Ќе се чешлаат сите фирми за одгледување на марихуана, премиерот нема да биде изненаден ако стигат до заплена на 100 тона

Ќе се проверува секоја фирма за одгледување на марихуана за медицински цели, најави премиерот Христијан Мицкоски, а одлуката ќе биде донесена на претстојната седница на Владата во вторник. Ова следи по заплената на 40 тони марихуана во Скопје и струмичкиот регион.

Премиерот Мицкоски наместо да одговори, првично праша од каде новинарите знаат дали петте тона марихуана пронајдени во Србија за кои тамошните власти тврдат дека се од Македонија излегле од земјава и потоа кажа дека ни тој ни МВР тоа не го знаат. Притоа и ги искара новинарите дека повеќе веруваат на соседната влада, отколку на својата.

Јас би бил многу внимателен во услови кога се спроведува најголемата акција во борба против дрога и наркотични средства во Македонија која што не почна од вчера, туку е еден процес кој што подолго време трае. Веќе се 40 тона, нема да бидам изненаден дека ако до крај дојдеме до сто тона. Во вторник на владина седница ќе донесеме одлука да се влезе секаде, рече премиерот.

Сепак по апсењето на Иван Драгниќ, кој е српски државјанин и ко-споственик на скопската фирма „Алфафарм“, полицијата влезе во нивниот објект во кругот на фабриката Охис и заплени речиси 10 тони марихуана. Во „Алфафарм“ и во струмичките фирми беа констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат.

Во отсуство на детали за истрагата, премиерот откри дека цветовите од канабис биле тврдо пресувани и такви не може да се користиат за производство на масло за медицински цели, а дали тоа го правеле со умисла или друга цел истрагата ќе даде одговор.

А во Србија клучното прашање е кој е се вмешан, со оглед на фактот дека еден од уапсените Раде Спасојевиќ на чиј имот беше пронајдена марихуаната е локален функционер на владејчката Српска напредна партија, коментира новинарката на Н1, Жана Булајиќ. Она што им е познато, а тоа го тврди српското обвинителство е дека марихуаната стигнала од Македонија на имотот на производителите на корнишони.

Кога на едно место најдете 5 тона нешто нелегално, секако дека се постапува прашањето од каде е, како никој не приметил, како стигнало. Сега излегува дека знаеме еден одговорот на прашањето дека стигнало од Северна Македонија. Секако и за нас медиумите во Србија е некако важно да добиеме многу одговори на тие прашања. Додуша малку знаеме од официјалните информации како ја пормнало границата, како никој не приметил и кој стои зад тоа, изјави Булајиќ.

Според неа, интересен е и моментот кога ова се случува во Србија, бидејќи има големи потреси меѓу обвинителството за организиран криминал и самиот врв на државата и дали првично полицијата знаела или обвинителството работело во тајност, имајќи предвид дека водечките луѓе кои требало да бидат наградени по волку голема заплена, по неколку дена се отстранети.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе