Вести Свет

Бабиш ја повика Европа да започне мировни преговори со Путин за Украина

Чешкиот премиер Андреј Бабиш ја повика Европа да започне преговори со рускиот претседател Владимир Путин за решавање на конфликтот во Украина, објавија денеска чешките медиуми.

Европските лидери сега почнаа да зборуваат за тоа како Европа треба да преговара со Путин. Претходно, кога унгарскиот премиер Виктор Орбан беше со Зеленски и со Путин, сите го осудија тоа, потсети Бабиш, според чешкиот портал ТН.

Бабиш, исто така, ги повика европските земји да го продолжат директниот дијалог со официјална Москва, оценувајќи дека ова е неопходен предуслов за прекин на огнот и да воспостават комуникација со рускиот претседател Владимир Путин.

Бабиш оцени дека Европа не е способна сама да го запре конфликтот и потсети дека „клучен играч во преговорите е американскиот претседател Доналд Трамп“.

Мировниот договор веќе беше блиску во април 2022 година, но потоа се појави Борис Џонсон (поранешен британски премиер) и преовлада интересот за продолжување на овој конфликт. Секако, ова мора да има дипломатско решение, истакна Бабиш и додаде дека решение за конфликтот треба да се најде за време на актуелните преговори бидејќи „луѓе умираат во Украина“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе