Вести Македонија

Свечено пуштен, но не и официјално предаден: Како тетовскиот булевар „Аеродром“ стана проблем за возилата?

Возачите кои во јануари и февруари се движеа по новата делница на булеварот се соочија со пропаднат асфалт и дупки,  места врз кои потоа е интервенирано. Ставени се дополнителни количини асфалт, но не се израмнети соодветно па формирани се нерамнини и грпки на патот.

Ова продолжување на булеварот, локалната власт го нарече – аеродром. Иако во декември беше пуштено во употреба со свеченост и сечење црвена лента, сега градоначалникот со контрадикторно објаснување. Според него имало итна потреба за пуштање во функција за да вози дијаспората, а со фирмата изведувач не е направено примопредавање.

Ние го пуштивме употреба пред новогодишните празници, кога беа присутни на нашите луѓе кои се привремено вработени во странство поради итноста на потребата за да се пушти во употреба и користење за граѓаните. Во меѓувреме има обврска операторот да ги ревидира сите грешки кои се појавиле во овој период и од моментот кога ќе се формално ќе се направи примопредавање, а комплетно значи тој дел од булеварот ќе биде како што е по тендерската документација, тврди градоначалникот Касами.

Стручните лица од областа на сообраќајот велат дека само квалитетни и соодветни улици и патишта ќе придонесат за функционален град и тие ја одредуваат не само динамиката на движење, туку и степенот на безбедност за сите граѓани. Сепак, реалноста со која се соочуваат граѓаните на Тетово често е во спротивност со овие стандарди.

Патната инфраструктура е важен фактор за нормално одвивање на сообраќајот, како во поглед на динамиката на одвивање на сообраќајот, така и во поглед на безбедноста во сообраќајот. За жал, кај нас овде има доста недовршени улици, кои се причина за настанување на штети кај возилата. Исто така, тие улици доведуваат до застој на сообраќајот бидејќи, возилата се приморани,возачите се приморани да се движат со намалена брзина што за последица се јавува создавање на колони и слични непријатни ситуации во сообраќајот, смета професорот тони ласовски.

Во Тетово голема безбедносна закана за учесниците во сообраќајот се недовршените работи на улицата „Борис Кидрич“. Дел од оваа улица е преуредена како булевар, а нема соодветно поврзување на крстосниците со другите улици. Локалната власт за тука најавува нов кружен тек.

Александар Самарџиев

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе