Вести Свет

Разговорите меѓу Иран и САД ќе продолжат по „добриот почеток“, тврди шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи

Високите претставници на САД и Иран ќе ги продолжат разговорите по денешната средба во Оман, изјави иранскиот министер за надворешни работи, во обид да се намалат тензиите кои ги зголемија тензиите од воен конфликт меѓу двете држави.

Абас Арагчи оцени дека разговорите, одржани со посредство на властите во Оман, се „добар почеток“ и фокусирани исклучиво на прашањето на нуклеарната програма а преговарачите на двете страни сега ќе се вратат во главните градови на своите држави за дополнителни консултации.

Пред разговорите, претставници на Соединетите држави најавија дека сакаат разговорите да ги опфатат и прашањето на балистичките проектили на Иран и поддршката на официјален Техеран за регионалните вооружени групи, во уште една очигледна разлика во позициите на двете држави.

Засега нема официјална американска реакција.

Разговорите во Оман се случија, додека САД го засилуваат своето воено присуство во арапското море, во близина на Иран, како одговор на жестоката реакција на Иран на анти-режимски протести минатиот месец, кога според организациите за човекови права биле убиени повеќе илјади лица.

Во минатите недели, американскиот претседател, Доналд Трамп, се закани дека ќе го бомбардира Иран, доколку властите во Техеран не покажат подготвеност да постигнат договор.
Тој испрати и  повеќе десетици илјади војници и тоа што Трамп го опиша како „армада“ во регионот, вклучувајќи и голем носач на авиони и повеќе други воени бродови и борбени авиони.

Иран, од своја страна, се закани дека на евентуалните напади ќе одговори со сила, заканувајќи се со можни напади против американските воени бази на Блискиот Исток и во Израел.

Министерот за надворешни работи на Иран, Арагчи ја предводеше иранската делегација, додека САД ги претставуваа специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џеред Кушнер.

Ова беа првите разговори на претставници на САД и Иран по почетокот на војната меѓу Израел и Иран минатиот јуни, кога американците ги бомбардираа трите главни нуклеарни истражувачки центри на Иран.

„Доколку другата страна продолжи со актуелните процеси и го задржи истиот пристап, ние може да договориме рамка за разговорите и темите кои ќе ги разгледуваме на следните средби. Не сакам сега да проценувам, но мислам дека ова беше добар почеток и може добро да продолжиме, но тоа зависи од другата страна, како и од одлуките кои ќе се донесат во Техеран“ – изјави Абас Арагчи, министер за надворешни работи на Иран.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Мицкоски по „козметичката“ реконструкција на владата ќе најави предвремени избори оти нема пари во буџетот

Дејан Дејан

Мицкоски се сретна со сопственици на маркети – се согласиле инфлацијата во јули да остане под 3%

Дејан Дејан

(фото)Најмалку 18 починати во Франција како последица на топлото време, меѓу нив се и две деца заборавени во автомобил

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе