Вести Македонија Топ вести

(Видео) Славевски: Странски инвестициски фондови купуваат станови во Скопје, фонд од Данска има купено 40 недалеку од центарот

Инвестициски фондови од странство купуваат значителен број на станови во новоградба кај нас, истакна гувернерот на НБРМ; Трајко Славевски во вечерашното интервју во „Вин-Вин“ на Телма ТВ.

„Еве последна информација ми е, неофицијална, дека дански фонд во станови, во згради во изградба на територијата на Скопје, недалеку од Центарот, има купено 40 станови. Прашувам за што, дали ќе ги издаваат, не знаат. Мислам дека инвестицијата тука е мислејќи дека цените и натаму ќе растат, што не е гаранција“, вели Славевски.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе