Вести Македонија

Ќе тргне ли конечно БРТ системот ?

Ќе тргне ли конечно БРТ системот или и понатаму ќе остане само идеја на хартија? Проектот што со години беше заглавен и постојано тема на расправии, повторно се враќа во игра откако Европската банка за обнова и развој дала зелено светло да се откочи постапката, вели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

„Денеска имаме состанок со претставници од мојот тим и од ЕБОР за понатаму целиот процес на брза трака да дижи и да ги исполниме ние обврските кои што ни се зададени од таму околу формирање на проектна единица и се останато и преку тој проект ќе бидат набавени уште 30 автобуси“, вели Орце Ѓорѓиевски градоначалник на Град Скопје

Дополнителни 100 еколошки автобуси ќе обезбеди Владата, но не во март како што беше најавено претходно. Испораката на поголемиот дел од нив се очекува до крајот на годинава. Во минатиот мандат поранешната градоначалничката Данела Арсовска речиси на секоја седница предлагаше точки за набавка на нови автобуси, но советниците од ВМРО-ДПМНЕ не ги гласаа. Според Ѓорѓиевски, тоа е одлука на советниците, а одговорот зошто не гласале треба тие да го дадат тие,а тој одговара само за својот мандат.

Покрај БРТ, Градот најавува и смарт зелен бран како обид да се намали секојдневниот сообраќаен хаос. За таа намена се издвојуваат пет милиони денари, а ЈП „Улици и патишта“ ќе биде задолжено за воведување и унапредување на современи сообраќајни решенија.

„Одиме со смарт зелен бран кој што ќе подразбира поставување на јамки. Во моментов сигнализацијата на семафорите се пали во состојба замислена во база, нема функционални јамки коишто треба да мерат проток на возила. Кога ќе имаат такво нешто имплементирано тогаш нормален ќе биде ефектот на времетраење на семафорот за црвено, жолто и зеленои тогаш нормален ќе биде протокот но и оние сообраќајници коишто се под притисок“, вели Орце Ѓорѓиевски градоначалник на Град Скопје.

Било побарано и повторно воведување на тајмерите на семафорите. Според Ѓотѓиевски тие претставуваат добро средство за навремено предупредување на граѓаните, но според одредени студии и документација од градот покажуваат дека на локациите каде што тајмерите биле поставени во минатото, поради реагирање во последна секунда на жолто, црвено или зелено светло, често доаѓало до сообраќајни незгоди. Поради тие причини, оваа опција е отфрлена и наместо тоа се воведува смарт зелен бран. Поради зголемениот број на сообраќајки, Министерството за внатрешни работи го воведе системот „Безбеден град“. Првично се испраќаа само опомени, но од 1 февруари почнаа и казни за прекршителите.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе