Вести Македонија Најважни

Хајрулахи како адвокат со канцеларија во Соравија, Цветаноски од суспензија чекаат одлука за дициплинските постапки

Никако да се решат дисциплинските постапки за двајца виши јавни обвинители. И денеска немаше кворум за работа во советот на јавни обвинители кои требаше да одлучува. И додека обвинителот Цветановски се уште е под суспензија, Хајрулахи се откажа од функцијата и стана адвокат со своја канцеларија во зградата на трговскиот центар Соравија. Хајрулахи како адвокат со канцеларија во Соравија, Цветаноски од суспензија чекаат одлука за дициплинските постапки.

Нема кворум, само 5 членови се присутни на седницата. Кусо констатираше претседателот на  Советот на јавни обвинители Башким Бесими. Тврди дека нема никаков проблем да се одлучува за дисциплинските постапки за двајца обвинители и вели дека празниците ја успориле работата на Советот.

Пред една година Дисциплинската комисија во Обвинителството поведе постапка за тогашниот шеф на Вишото јавно обвинителство во Скопје Мустафа Хајрулахи и вишиот обвинител Јован Цветановски. Подоцна и на двајцата им беше поднесено обвинение за злоупотреба при распределба на предмети.

Тие ги отфрлија обвинувањата и тврдеа дека е конструкција на тогашниот обвинител Коцевски, а целта е блокирање на предметот со бонусите на СЈО. Мустафа Хајрулахи, е обвинет и дека се заканувал и вршел психичко насилство врз пет жени вработени во обвинителството. И додека Цветановски се уште е под суспензија, Хајрулахи се откажа од функцијата и стана адвокат.

На први јануари годинава ја регистрирал адвокатската канцеларија првично на качанички пат, а пред една недела ја сменил адресата и се префрли во зградата на Соравија на 11-ти кат. Кулата Валхала како што е новото име на бизнис центарот и покрај тоа што е во стечај е дом на повеќе фирми, но стечајниот управник Тони Петров не знаеше дека токму поранешниот обвинител, а сега адвокат е со канцеларија таму.

Инаку Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ Али Ахмети во јануари лани за емисијата КОД тврдеше дека тој оперира и го раководи центарот. Хајрулахи не сакаше да коментира ништо ниту за дициплинската постапка, ниту за тоа како баш Соравија ја избра за да се смести како адвокат. Кусо вели дека се е средено.

Билјана Николовска

Дигитална обработка: T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе