Вести Македонија Топ вести

Блокади поради одземени возила

Најпрво го блокираа сообраќајот на обиколницата Ресен–Битола, која минува низ дивата ромска населба, каде на коловозот запалија оган од гуми, при што  се ширеше густ чад, а на патот имаше расфрлано ѓубре и стакла. Потоа, со зурли и тапани, протестот го продолжија пред Основниот суд во Битола.

Вака поголема група битолски Роми синоќа  го изразија својот револт откако полицијата им ги одзеде возилата затоа што ги управуваА без возачка дозвола. Упатија жестоки закани и побараа или да им се дозволи да возат  без возачка дозвола, или надлежните да им овозможат полагање под посебни услови затоа што се неписмени.

„Владата да ни помогне да извадиме возачки дозволи. Ако треба ќе платиме. Немаме школо, ама нека седи инструктор со мене, ќе возам јас. Ако возам брзо или неправилно, слободно нека ми каже: за тебе нема возачка“, рече еден од жителите на битолски Баир, кои поради одземените возила вечерва се собраа на протест пред Основниот суд и Општина Битола.

„Ги сакаме правилата како што си беа, сиромаштијата како што си ја тераме. Без возачки, со регистрирани коли, сакаме тоа истото да ни го продолжат“, рече друг. 

Поради новиот закон за одземање возила управувани без возачка дозвола, покрај блокадата на патот Битола–Ресен,   протестантите палеа гуми на улица и во Штип, Кочани, Струмица , а на некои места интервенираше и противпожарната служба.

„Бараа колите да ги регистрираме, ете ги регистрираме. Сега бараат возачка дозвола. Кај да најдеме возачка дозвола? Школо нема никакво. Каква е ова правда? Секој ден ќе има протести во сите градови низ Македонија“, рече една жителка. 

Од МВР вчера информираа дека се лишени од слобода осум возачи во Велес, Делчево, Скопје, Битола и Прилеп, кои управувале возила со активна забрана, без положен возачки испит и со фалсификувана возачка дозвола, а возилата им се одземени.

Емилија Мисирлиевски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

(видео)„Kако ќе се утврди вистината ако не се прикажат доказите“, прашаа родителите на денешниот 46. „Марш на ангелите“ во Кочани

Дејан Дејан

Израелскиот министер Кац со порака доТехеран: Доколку Иран се обиде да го нападне Израел ние ќе возвратиме со голема сила

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе