Првите Палестинци на кои им беше дозволено да се вратат во Појасот Газа по повторното отворање на граничниот премин Рафа со Египет пристигнаа во Кан Јунис доцна синоќа. Автобус со 12 лица, кои претходно биле евакуирани, пристигна пред болницата Насер кратко пред полноќ.
Делумното отворање на преминот Рафа се смета за важен чекор во рамки на прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас, но засега има претежно симболично значење.
Мал број луѓе ќе можат да патуваат во двата правци, а пренос на стоки нема да биде дозволен… Истовремено, мал број медицински евакуирани лица од Газа влегоа во Египет.
Според здравствените власти во Газа, околу 20.000 деца и возрасни кои имаат потреба од медицинска помош се надеваат дека ќе ја напуштат разурнатата територија преку овој премин, кој беше затворен од мај 2024 година.
