Во француското седиште на компанијата X (поранешен Твитер) на Елон Маск денеска влегле припадници на одделението за сајбер криминал на обвинителството во Париз, како дел од истрагата за повеќе кривични дела, вклучувајќи го незаконското собирање на податоци и соучество во создавањето детска порнографија.
Канцеларијата на обвинителството потврди дека истрагата започнала во јануари 2025-та година, кога започнале да ја проверуваат содржина која ја препорачувал алгоритамот на социјалната мрежа, пред да биде подоцна проширена за да го вклучи и контроверзниот четбот со вештачка интелигенција, Грок.
Истовремено, обвинителството потврди дека ги повикале и Маск и поранешниот извршен директор на X, Линда Јакарино, да сведочат во Април.
Компанијата X сѐ уште е без коментар, но претходно ја опиша истрагата како напад против слободата на говорот. Во јули минатата година, X оцени и дека проширувањето на истрагата било „политички мотивирано“, негирајќи дека го манипулирале алгоритамот.
