Вести Македонија

(Видео)Нови сведочења за „Пулс“ – Родителите најавуваат кривични пријави против сведокот шанкер

Освен пејачот на групата ДНК, Панчо, никој од останатите не ги повика посетителите да излезат надвор кога почна пожарот во „Пулс“, а единствени излез беше главната врата, каде што настана хаос, рече сведокот Стево Манасиев на денешното рочиште од судскиот процес за кочанската трагедија.

-За кратко време откако влеговме (околу 2 часот по полноќ), се запали пиротехниката, на одредена песна ги активираа прскалките. Мислам дека беа две прскалки. После активирањето на прскалките некој од првите маси му кажа на Панчо дека гори таванот, по што тој му се обрати на Деко. Панчо потоа на микрофонот кажа сите да излеземе надвор и дека ќе се вратиме за 10 минути. Според мое видување, сите присутни не ја сфатија сериозно ситуацијата. Сите се повлекоа кон вратата но таму имаше многу малку простор за излез. И јас се упатив натаму. Првично бев заглавен на излезот и не можев да се движам. Бидејќи беше многу лошо , си реков дека ова е крајот, дека ќе останеме овде и ќе се случи најлошото, сведочеше Манасиев.

Манасиев рече дека и тој не се сеќава како успеал да се спаси од безизлезната состојба на излезот-влезот на „Пулс“.

-Знам дека излегов надвор сам, дали додека ги вадеа луѓето ми се одглави ногата и успеав да излезам. Бев во свесна состојба, надвор застанав, ми се слоши, веројатно од чадот, повратив пред самата дискотека, бев исцрпен, кажа сведокот Стево Манасиев пред судењето.

Потоа со сопругата заминале за Скопје, каде што побарал медицинска помош прво во „Систина“, а потоа во Градската болница, каде што бил хоспитализиран неколку дена. Поради сериозноста на неговата состојба, тој бил на лекување во Полска, каде останал околу 25 дена.

Одговарајќи на прашање на Обвинителството, но и на одбраната, Манасиев рече дека додека работел како диџеј во „Пулс“, се користела пиротехника, што ја поставувало лице- повозрасен човек од Скопје. Но, како што кажа, не го видел вечерта кога се случил пожарот.

На денешното рочиште, адвокатот Петре Шилегов, кој е бранител на поранешниот советник во Министерството за економија, Шефкет Хазари, обвинет во предметот судскиот процес за „Пулс“, побара од Обвинителството во конкретниот предмет да ги преиспита своите наводи и да ја запре постапката за дел од обвинетите кои се товарат за тешки дела против општата сигурност откако ОЈО ГОКК запре слична постапка за истото дело за седум полициски службеници.

Марија Петрушова, мајка на загинатиот Андреј во пожарот во дискотеката „Пулс“, упати остри обвинувања до сведокот Дејан Манасиев, тврдејќи дека тој ја лаже јавноста и судот преку менување на својот првичен исказ даден во обвинителството. Дејан Манасиев, работел како шанкер во „Пулс“ и сведочеше дека имало ПП апарати во кабарето и дека имало план за евакуација, а не се сеќаваше дали имало хидрант.

Но, Петрушова најави дека родителите на загинатите ќе поднесат кривична пријава против него затоа што постојат „сериозни контрадикции меѓу она што Манасиев го изјавил веднаш по несреќата и неговото денешно сведочење во судницата.“ Таа истакна дека Манасиев, кој работел како шанкер во објектот, претходно потврдил дека плафонот бил спуштен и обложен со сунѓер, додека сега ги негира тие наводи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран изврши напади со беспилотни летала врз Бахреин и Кувајт – Трамп се заканува „САД ќе бидат принудени воено да ја завршат работата“

Дејан Дејан

Мајка од струшко ги оставала своите две малолетни деца да спијат во возилото додека била на работа

Дејан Дејан

Врачување на највисоките признанија на Струшките вечери на поезијата на манифестацијата „Мостови“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе