Вести Свет

Трамп ќе го тужи водителот на доделувањето на Греми наградите поради клевета

Трамп подготвува тужба за водителот на доделувањето на Греми наградите, Тревор Ноа, за кого рече дека изнел невистина дека тој и поранешниот американски претседател Бил Клинтон „поминувале време“ на островот на покојниот осуден сексуален престапник Џефри Епстин.

-Ноа неточно рече за мене дека Доналд Трамп и Бил Клинтон поминувале време на островот на Епстин. Погрешно! Не можам да зборувам во името на Бил, но никогаш не сум бил на островот на Епстин, ниту каде било во близина, и до вечерашната лажна и клеветничка изјава, никогаш не ме обвинувале дека сум бил таму, дури ни медиумите кои инаку објавуваат лажни вести, рече Трамп во објава на неговата социјална мрежа „Трут Соушл“ (Truth Social).

Тој кажа дека изгледа оти ќе ги испрати своите адвокати „да го тужат овој јаден, патетичен, неталентиран“ водител за „многу пари“.

-Доделувањата на Греми наградите се најлоши, практично не се за гледање! Си-Би-Ес има среќа што ова ѓубре повеќе не им е во етерот. Водителот, Тревор Ноа, кој и да е, е речиси подеднакво лош како Џими Кимел на доделувањето на Оскарите за филмови со ниска гледаност. Подготви се Ноа, малку ќе се забавувам со тебе, напиша Трамп.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започна иденфикацијата на жртвите од земјотресот во Венецуела – бројот на загинати надмина 1.430 луѓе

Дејан Дејан

Возеле во спротивен правец на автопатот Гостивар-Тетово – двајца приведени

Дејан Дејан

Приведени четворица заради убиство во скопски Таор – мажот прво ја пријавил за исчезната, а потоа дека ја нашол мртва жената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе