Вести Македонија

(Фотогалерија) Герила акција низ Скопје дел од проектот „Ново партнерство – Нова борба против корупција!”

Низ скопските улици денеска можеше да се види герила акција која е дел од проектот „Ново партнерство – Нова борба против корупцијата!”, поддржана од Амбасадата на Канада.  Досега беа реализирани три герила акции во Скопје, Струмица и Гостивар, како креативен и неконвенционален начин младите јавно да го искажат својот став против корупцијата.

Герила акциите се надоврзуваат на наодите од аналитичкиот извештај „Корупцијата низ перспектива на младите во Северна Македонија”, спроведен врз примерок од 304 млади лица на возраст од 16 до 26 години. Истражувањето покажува дека младите ја доживуваат корупцијата како системски и структурен проблем, најчесто поврзан со злоупотреба на моќ, политичка партизација и неправедни вработувања.

Досегашните наоди дека 63.3% од младите сметаат дека корупцијата е еден од главните фактори за иселување, додека 58.7% ја перципираат корупцијата како најзастапена во судството и обвинителството. Речиси една третина однсно 29.5%немаат доверба во ниту една институција за борба против корупцијата, додека повеќе од 54% од младите се подготвени активно да се вклучат во антикорупциски активности.

Герила акциите во трите градови беа осмислени и реализирани од самите млади, како симболичен, но јасен одговор на чувството на неправда, немоќ и недоверба што корупцијата го создава кај младата популација. Преку јавен простор, визуелни пораки и директна интеракција со граѓаните, младите испратија порака дека корупцијата не смее да се прифаќа како „нормална појава”.

Активностите се дел од поширок проект кој вклучува истражување, обуки за млади антикорупциски агенти, младински форуми, јавни дебати и кампања на социјалните мрежи, со цел јакнење на младинското и граѓанското учество во борбата против корупцијата и организираниот криминал.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Барањето на Македонија за гаранции за влез во ЕУ е невозможно, став на Мојсовска во Топ Тема

Дејан Дејан

Протестен марш на ДУИ против укинувањето на одлуката за преименување на десетина улици од 2007-ма година

Igor Trajkov

Пораките од Брисел се јасни: без уставни измени, земјата може многу малку да искористи од новите иницијативи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе