СВР Велес синоќа приведе 32-годишен велешанец откако во полиција било пријавено семејно насилство.
Според пријавата, тој ја горел сопругата со цигари и ја повредил.
Од МВР соопштија дека мажот е лишен од слобода синоќа.
- „Полициски службеници од СВР Велес синоќа во 22:40 часот лишиле од слобода 32-годишен велешанец, постапувајќи по претходна пријава дека во домот скршил предмети и со запалена цигара и нанел повреда на неговата 33-годишна сопруга. Случајот ќе биде процесуиран“, се вели во полицискиот билтен.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
