Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека времето за Иран да прифати нов нуклеарен договор истекува, додека САД значително го зголемуваат своето воено присуство во Персискиот Залив.
Тој изјави дека „масивна армада“, предводена од носач на авиони, е распоредена во регионот и е подготвена да дејствува доколку е потребно. Иран остро реагираше на заканите.
Министерот за надворешни работи Абас Арагчи порача дека иранските вооружени сили се „со прст на чкрапалото“ и ќе одговорат „веднаш и силно“ на секоја агресија.
Техеран повтори дека неговата нуклеарна програма е исклучиво мирољубива и дека не тежнее кон нуклеарно оружје.
Меѓувреме, американски официјални лица тврдат дека Иран е ослабен поради внатрешните протести и економската криза, додека Вашингтон бара целосен прекин на збогатувањето ураниум и ограничување на ракетната програма.
Напнатоста доаѓа во услови на претходни американски удари врз ирански нуклеарни објекти и ирански одмазднички напади врз американски бази во регионот.
