Вести Македонија Најважни

Обвинителството отворило предмет за Заев и Филипче по тврдењата на Жан Митрев дека сакале да му ја земат болницата

Уште пред една недела скопското обвинителство отворило предмет против поранешен премиер и екс министер за здравство по тврдењата на кардиохирургот Жан Митрев дека сакале да добијат сопственички удел во неговата, една од најголемите приватни болници во Македонија.

Предистрагата е за Зоран Заев и за Венко Филипче, актуелниот лидер на опозицијата. Отворена е на последниот ден од мандатот на екс скопскиот обвинител Гаврил Бубевски, ден отако беше избран Анел Фидоски на таа функција која ја презеде со веќе отворен предмет за болницата.

-Основното јавно обвинителство Скопје постапува и веќе презема дејствија на проверки во предметот оформен по допрен глас на 21.01.2026 година од страна на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, по однос на јавно изнесените наводи од лицето Жан Митрев, доктор и сопственик на Клиника „Жан Митрев“ – Скопје, а кои се однесуваат на тоа дека поранешен премиер и поранешен министер за здравство се обиделе да го принудат да им ги продаде неговите сопственички удели во клиниката, соопштија од обвинителството. 

Од обвинителството велат дека се вршат проверки со цел да се испита евентуално постоење на елементи на кривично дело кое се гони по службена должност, но не прецизираат дали ќе ги повикаат Митрев, Заев и Филипче да дадат искази во оваа фаза.

Соопштението следуваше откако со денови, владеачката ВМРО-ДПМНЕ бараше да се отвори истрага, а оваа среда и пратеникот Бране Петрушевски одржа прес конференција пред портите на обвинителството- по што јавно беше соопштено дека предметот е отворен во среда, ама минатата недела.

Филипче телефонски кратко ни одговори дека првпат слуша од нас за предметот и дека обвинителството треба да си постапи. Тој најави тужби против Жан Митрев и нарачателот на обвинувањата односно владечката партија која според него се обидува да го оцрнува.

Митрев во телевизиско гостување пред две недели тврдеше дека Заев и Филипче од позиција на премиер и министер сакале да купат удел во неговата болница. Филипче ги негираше тврдењата.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Приведен маж заради убиство во скопски Таор – прво ја пријавил за исчезната, а потоа дека ја нашол мртва

Дејан Дејан

Василевска: Нема да дозволиме опструкциите на СДС да го забават реформскиот процес

Дејан Дејан

СДСМ: Владата на Мцкоски систематски го унишутва пензискиот систем

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе