Министерството за внатрешни работи (МВР) објави дека преку проектот „Безбеден град“ ќе се казнуваат пет вида на сообраќајни прекршоци за кои се предвидени различни санкции и висина на глоби. Најниска казна е 15 евра, највисока е 500 евра. Првично требаше да се санкционираат три вида прекршоци, но потоа листата беше дополнета.
Првиот прекршок е за Пречекорување на брзина во населено место (дозволена брзина до 50 км./ч., по исклучок до 70 км./ч. со знак).
- до 10 км./ч. над дозволеното – 15 евра
- од 10 до 30 км./ч. – 50 евра
- од 30 до 50 км./ч. – 300 евра + забрана за управување 3-12 месеци
За Пречекорување на брзина надвор од населено место (130 км./ч. автопат • 110 км./ч. пат за моторни возила • 90 км./ч. други патишта)
- до 30 км./ч. над дозволеното – 20 евра
- од 30 до 50 км./ч. – 50 евра
- од 50 до 70 км./ч. – 300 евра + забрана за управување 3–12 месеци
Поминување на црвено светло
- 250 евра глоба
- забрана за управување 3–12 месеци
За Непрописно запирање и паркирање (пешачки премини, крстосници, мостови, зелени површини, места за лица со попреченост, велосипедски патеки, тротоари, автобуски постојки и други критични локации)
- глоби од 25 евра, 40 евра, 150 евра и 180 евра (во зависност од видот и тежината на прекршокот)
За Учество во сообраќај со нерегистрирано возило (без важечка сообраќајна дозвола или без регистарски таблици)
- 500 евра глоба
- ако истекот на сообраќајната дозвола е до 30 дена – 100 евра
Намалување на санкциите
- За плаќање во рок од 8 дена се плаќа 50% од глобата
- Ако има и забрана за управување, се изрекува во половина од пропишаниот рок
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, за поголема лична и општа безбедност и намалување на сообраќајните незгоди.
