Не можеле да се разберат, па се степале. Вчера на гробиштата во Ѓорче Петров скопјанка и скопјанец не можеле да најдат заеднички јазик за паркинг место, па наместо со дијалог завршило со тепачка. Жената на возраст од 38 години дури и употребила тврд предмет кон 33-годишниот маж, а тој за возврат физички ја нападнал нејзината 60-годишна мајка.
„На 24.01.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на гробиштата на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј.Ф.С.(38) и Д.С.(33) двајцата од Скопје, при што Ј.Ф.С. употребила и дрвен предмет, додека Д.С. физички ја нападнал мајката на Ј.Ф.С., С.Ф.(60)“ соопшти МВР.
Од полицијата соопштуваат дека се работи на целосно документирање на случајот и дека ќе следува соодветна пријава против сторителите.
Т.Д.
