Вести Македонија

Струмица бара итни мерки против алармантното аерозагадување

Со специјализиран дрон да се мери загадувањето во Струмица и регионот, да се набават и шест нови рачни мерачи и уште толку мерни станици. Ова се дел од барањата на Струмичани како итни мерки против аерозагадувањето кое е алармантно високо речиси цела зима, но и голем дел од летите денови.

Освен тоа, граѓанските активисти побараа и вработувања на пет инспектори за животна средина, со што капацитетите на локално ниво ќе бидат многу посериозни за борба против аерозагадувањето. Граѓаните се крајно револтирани, но и емотивни, загрижени за колективното здравје.

„Со години градот живее во тивка дистопија, воздухот е загаден, водите се загадени, храната е загадена. Секое излегување од дома те пече во очи, те пече во грло, секој муабет е кој се разболел, кој плукал крв. Навистина состојбата е алармантна“, рече Милена Зафирова-еко активистка.

Листата на барања на екоактивистите има девет точки. Во нив се наведени и обезбедување на средства за акредитирана лабораторија, поголем буџет за заштита на животната средина, ревидирање на А и Б дозволите за работа на компаниите, но и камери на дивите депонии.

„Барањата се многу. Пораката е народот да се информира, да се грижи за своето здравје, да ги поддржува протестите, а власта да се загрижи за луѓето кои ги избрале за да имаат здрава нација, бидејќи вака нацијата се губи“, рече д-р Виолета Маџункова. 

Од Општина Струмица велат дека сериозно го сфаќаат проблемот со аерозагадувањето и дека тој е приоритетен за локалната власт. Последните неколку седмици во општината се собираа раководителите од надлежните инситтуции и правеа интервентен план на дејствување за справување со аерозагадувањето.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсен маж осомничен за убиство на поранешната сопруга – уште еден фемицид во црните статистики

Дејан Дејан

Отчет на ВРЕДИ критики од ДУИ

Дејан Дејан

КОД: Кој сече шума на диво кај езерото Козјак?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе