Министерството за внатрешни работи известува дека утре, 25 јануари 2026 година, ќе се спроведуваат активности за тестирање, калибрација и верификација на сообраќајните камери поставени во градовите Куманово и Тетово во рамки на проектот „Безбеден град“.
Активностите ќе се реализираат од 08:00 до 20:00 часот, при што на секоја локација постапката ќе трае кратко, околу 15 до 30 минути, и ќе се изврши еднократно.
За време на тестирањето на конкретната локација, сообраќајот ќе биде привремено ограничен, по што ќе продолжи нормално.
Министерството ги повикува граѓаните и возачите на трпение, разбирање и соработка за непречено спроведување на активностите.
