Застаре злоупотребата на службената положба за екс премиерот Никола Груевски и екс генералниот секретар Кирил Божиновски во случајот „Талир 1“ за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ.
Обвинителката Ленче Ристоска рече дека, сепак, продолжува да го води предметот и за овие обвинети и за останатите за делото перење пари.
Ристоска потврди и дека поднела тужба против ВМРО-ДПМНЕ, откако во октомври лани од партијата испратија соопштение со наслов „Ристоска, тажен симбол за неправда со државни бонуси и службена картица во служба на Заев и Груби“, кое почнува со реченицата „Каков крај!“.
