Грчките земјоделци се очекува во текот на денешниот ден да ги повлечат тракторите од „Евзони“ и по 53 дена да го деблокираат граничниот премин кон Македонија, пренесува МИА.
Тие во понеделникот имаа средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, по што одржаа и одржаа состаноци меѓу блоковите на кои беше разгледан исходот од разговорите и одлучија постепено да се повлечат од патиштата и граничните премини.
До утре се очекува сите земјоделци да ги тргнат тракторите од улиците.
Земјоделците од делови на северна Грција на 1 декември ги паркираа нивните трактори на грчката страна од граничниот премин „Евзони“ и подолг период, на неколку часа го блокираа сообраќајот на сите возила за влез и излез од земјата кон Македонија, но и граничните премини кон Бугарија и кон Турција.
