Вести Свет Топ вести

Трамп се откажува од тарифите против европските земји кои се спротивставија за неговите планови за преземање на Гренланд

Во рок од само неколку часа, проблемот кој го создаде американскиот претседател, Доналд Трамп, со неговата желба САД да ја преземе контролата над островот Гренланд, и најавените тарифи против осум европски земји кои се спротивставија на неговите планови се чини дека е надминат.

На својата социјална мрежа, Truth Social, каде американскиот лидер често соопштува значајни политики и одлуки, напиша дека имал продуктивен состанок со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во рамките на светскиот економски форум во Давос, на кој се договориле за рамката во која ќе се постигне договор во однос на иднината на Гренланд, но и на целиот Арктички регион.

Затоа нема да ги воведувам тарифите кои требаше да стапат на сила на 1-ви февруари, напиша Трамп.

Претходно, во своето подолго обраќање во Давос, Трамп за прв пат јавно кажа дека САД нема да употребат сила за да ја преземат контролата над Гренланд, островот во Арктикот кој како автономна територија e дел од кралството Данска.

Откажувањето на планот за воведување нови царини за осуммте европски земји следува пред утрешнaта вонредна средба на лидерите на ЕУ и се погласните најави дека во рамките на Унијата расте поддршката за остро спротивставување на плановите на Трамп и употреба на различните инструменти кои ги има на располагање Брисел за економска одбрана, вклучувајќи ја и ткн трговска базука , односно инструментот против принуда, кој се користи во случај на економски притисок врз суверените одлуки на ЕУ или нејзините членки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Апасиев: Левица ќе го блокира Изборниот законик, консензус не е постигнат за пет клучни прашања

Igor Trajkov

Се помалку време за пронаоѓање преживеани во земјотресот во Венецуела

Дејан Дејан

Мицкоски лично го води процесот за следење на цените и потрошувачката кошница, анализира над 600 производи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе