Вести Култура

Објавен првиот том од првиот „Македонски етимолошки речник“

Во Институтот за македонски јазик беше промовиран првиот том од „Македонскиот етимолошки речник“ кој има 650 страници, со импозантен број на обработени одредници, вкупно 2.351 одредница. Во време на премногу  очигледно преместување на хуманистичките науки  на периферијата на научниот и општествениот живот не само кај нас, туку и во светски рамки, изгледа исклучително значајно, истакна авторот на овој речник проф. Гоце Цветановски. 

Во „Македонскиот етимолошки речник“ за прв пат може да се видат и етимолошките толкувања на некои зборови кои што во ниеден друг речник, ниту во бугарскиот, ниту во српскиот, ниту во кој било словенски или балкански се толкувани, вели авторот Цветановски. Со ова капитално дело македонскиот јазик и народ веќе нема да биде вбројуван во јазиците и народите што немаат свој етимолошки речник.

  • Етимиолошкиот речник е врв на целокупното знаење. Таму се отсликува историјата на еден јазик и на еден народ, таму се отсликува културолошката дефинираност на народот, таму се отсликуваат позајмувањата, односно определени историски во кој што некој јазик бил со престиж, па и тоа се огледува преку лексиката. И во крајна линија етимологијата како наука која нема микроскоп да ги истражува и најситните детали тоа мора да го прави човекот, изјави проф. д-р Гоце Цветановски, научен советник и автор на Речникот.

Речникот се вградува во темелите на македонското културно и научно наследство и претставува дело со трајна вредност.

  • Неколку години беше само проект на Институтот за македонски јазик, оваа 2025 година е прифатен од Министерството за образование и наука за национален проект и финансирањето од оваа година целосно го презеде МОН: За да дојдеме до овој речник колегата Гоце Цветановски организираше работа на еден поголем тим кој што работи на оној поголем тезаурусен речник, изјави проф. д-р Елена Јованова – Грујовска, директорка на Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

Рецензенти на овој значаен труд се научниот истражувач и долгогодишен претседател на Етимолошката комисија при Меѓународниот славистички комитет д-р Николај Антропов и академик Марјан Марковиќ.

Нина Стефанова

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе