Вести Свет Топ вести

Патата повика на еднодневно божиќно примирје низ целиот свет

Папата Лав XIV повика на еднодневно божиќно примирје низ целиот свет, не споменувајќи никаков конкретен конфликт, но изразувајќи жалење што „Русија се чини дека го отфрли барањето за примирје“.

-Ја повторувам оваа молба до сите луѓе со добра волја да одбележат барем еден ден мир на овој празник на раѓањето на Спасителот“, рече папата додека ја напушташе својата резиденција во Кастел Гандолфо, во близина на Рим, пред да се врати во Ватикан.

-Можеби ќе нè послушаат и ќе има 24 часа мир во целиот свет, додаде американскиот папа.

-Она што особено ме растажува е фактот дека Русија се чини дека го отфрли барањето за примирје, забележа тој.

Лав XIV вечерва ќе ја прослави својата прва божиќна миса откако беше избран за папа, а утре напладне ќе го даде традиционалниот благослов „Urbi et Orbi“, во кој понтифот традиционално дава преглед на светските конфликти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе