Вести Економија Најважни

Над седум милиони евра за земјоделците од ИПАРД 3 чекаат на исплата

Покрај сувото ќе изгори сировото, а колатерална штета сме на поединци и сега сме во беспомошна ситуација…коментираат дел од земјоделците кои ги контактираше Телма кои чекаат на парите од ИПАРД 3 програмата.

Националниот координатор за авторизација ја стопираше исплатата на 7 ноември по апсењето на поранешниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, Илија Стоилев под сомнежи за мито. Без планираните 400 илјади евра останаа 15 корисници кои требаше да им бидат исплатени до крајот на годината.

Еден од овие корисници во разговор за Телма изјави дека требало да добие поголем дел од сумата и покрај тоа што немало забелешки од извршената контрола и ветувањата дека брзо ќе бидат исплатени, не само што останале без пари, туку и плаќаат камати. За наплата дополнително чекаат и 24 барања со вкупна поддршка од речиси 7 и пол милиони евра.

Некои од нив треба да добијат по неколку илјади евра, но други неколку стотина илјади, но не сакаат јавно да зборуваат. Една од тие барање е на фирма која исто така успешно го завршила проектот и треба да и се исплатат 600 илјади евра до крајот на февруари. Доколку до тогаш не им ги добијат ветените средства ќе треба да плаќаат далеку поголеми суми на банките, а тоа велат не може да си ги дозволат.

Времената одлука за прекин на исплатата согласно најавите ќе биде повлечена кога ќе се проверат проектите одобрени од поранешниот директор. До тогаш земјоделците ќе треба да чекаат. На прашање колку проекти досега се проверени и е востановено дека се согласно процедурите од Министерството за финансии за Телма велат дека процедурата е во тек.

  • „Проверките од страна на структурите на ИПА/ИПАРД при Министерството за финансии се темелни и длабински со широк опфат и се се уште во тек. Со проверките се опфатени поголем број на проекти од сите три мерки од ИПАРД Програмата.“ – Министерство за финансии.

Во меѓувреме ЕК ја стопира исплата на 2,9 милиони евра од третата транша на ИПАРД 3 кои државата веќе им ги исплатила на корисниците. Доколку комисијата и натаму продолжи да ја стопира исплатата дали државата сепак ќе ги исплаќа парите на корисниците зависи пред се од Националниот координатор за авторизација.

  • „Исплатите ќе продолжат по редовна постапка за исплата во оној момент кога суспензијата ќе биде повлечена од страна на НАО (Националниот координатор за авторизација).“ – Министерство за финансии.

Целосната сума на ИПАРД програмата изнесува 97 милиони евра европски средства и 31 милион евра национални средства.

Марија Митевска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Привремен прекин на системот „МојДДВ“ поради техничка надградба

Дејан Дејан

Во земјоделското училиште во Битола се запишале три деца – Јаневска вели наставниците не биле доволно ажурни и не успеале да привлечат ученици

Дејан Дејан

СДСМ: Мицкоски по „козметичката“ реконструкција на владата ќе најави предвремени избори оти нема пари во буџетот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе