Вести Економија Најважни

Македонија ја одби помошта за мазут од Бугарија – состoјбата била стабилна

По објавата за кризна состојба на пазарот со струја, стигна понуда за мазут од Бугарија, но е одбиена со образложение дека состојбата тука била стабилна. Како што соопштуваат од Министерството за надворешни работи  за Телма утрово бил остварен телефонски разговор меѓу министерот Муцунски и министерот за надворешни на Бугарија Георг Георгиев во кој се зборувало за енергетската ситуација.

„Министерот Муцунски изрази благодарност за понудената помош, при што нагласи дека во моментов нема потреба од дополнителна поддршка, бидејќи состојбата е стабилна“, се вели во дописот од МНР

Пред да се испрати понудата за испорака на мазут, биле направени проверки на територијата на Бугарија за тоа колку е достапен овој енергенс и било утврдено дека има доволно за покривање на потребите. Ова го соопштиле од тамошната прес служба.

Но, интересно е што претходно според одредени дописи Бугарија извозот на мазут како тешко гориво го ограничи, поради привремената забрана за нафтени деривати.

Од друга страна пак доцна синоќа Владата на седница донесе одлука за прогласување на кризна состојба на пазарот со електрична енергија во рок од 7 дена на територијата на целата држава. Оваа одлука доаѓа откако ЕСМ испрати писмо дека поради протестите во Грција тешко можат да ги набават потребните енергенси за производство на струја особено мазутот. А јагленот кој го бараат од компанијата тврдат дека се доставувал со задоцнување.

Беше и посочено дека поради санкциите во Европа мазутот може да се зема само од Грција. Сега со кризната состојба ќе се трошат државните резерви каде има над 10 илјади тони мазут.

Инаку, во производството на струја се користи овој енергенс за да се зголеми калоричната вредност на јагленот кога има потреба од тоа.

За јануари електрани набавија електрична енергија и од ТЕТО по цена од 119 евра за мегават час. И покрај тоа што деновиве температурите ќе бидат пониски, а со тоа може да се зголеми и потрошувачка на струја, од Владата уверуваат  дека нема да има проблеми во снабдувањето.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски се сретна со сопственици на маркети – инфлацијата и цените на основните производи да останат под 3 проценти

Дејан Дејан

(фото)Најмалку 18 починати во Франција како последица на топлото време, меѓу нив се и две деца заборавени во автомобил

Дејан Дејан

Приходите од придонесите не ги покриваат исплатите на пензиите – утвдри ревизорот во ФЗОМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе