Вести Македонија Топ вести

Кривични пријави за претседателот и секретарот на Општински фудбалски сојуз Охрид во записниците внесувале невистинити податоци за фудбалски судии и играчи

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ц.М.(47) и Н.Ц.(39), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „измама“.

  • Првопријавениот, во својство на претседател, а второпријавениот во својство на секретар на Општински фудбалски сојуз Охрид, искористувајќи ја својата положба во сојузот и пристапот во  системот на Фудбалската федерација на Македонија, во текот на 2024 година во повеќе наврати креирале записници за одиграни натпревари во кои внесувале невистинити податоци за лица фудбалски судии и играчи како учесници во фудбалски натпревари кои наводно се одиграле во регионалната Б лига во рамките на Општински фудбалски сојуз Охрид, објави СВР Охрид.

Двајцата потоа, изготвувале записници со лажни и непотполни податоци и ги внесувале во системот на Фудбалската федерација на Македонија, со што ја довеле во заблуда, лажно прикажувајќи дека Општинскиот фудбалски сојуз Охрид организирал натпреварување во општинска Б лига со осум екипи како  учесници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски лично го води процесот за следење на цените и потрошувачката кошница, се анализираат над 600 производи

Дејан Дејан

Изведување материјални докази на судењето против деветмината полицајци поврзани со дискотеката „Пулс“

Дејан Дејан

За половина денар поевтинува дизелот, а поскапува бензинот – Регулаторна ги објави новите цени на горивата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе