Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денес ја пречека Елиса Спиропали, министерка за Европа и надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета во Скопје. Таа во текот на денот имаше средба и со претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова.
Спиропали и градоначалникот Меџити положија цвеќиња пред споменикот на националниот херој Ѓерѓ Кастриоти Скендербег, во знак на почит и длабоко уважување кон визијата на овој историски водач за европската ориентација на Албанците.

По тој повод, беше повторно нагласено дека иднината на Албанците е во Европската Унија, како заедница на демократски вредности и успешен модел на институционална, културна и политичка интеграција на сите народи, сооштуваат од Општина Чаир.
Но она што беше забелижително на фотографиите кои од општината ги испратија до медиумите за време на посетата на споменикот на Скендербег присутните носеа само албански знамиња.
