Вести Економија Топ вести

АХВ повлече од пазарот новогодишни пакетчиња поради несовпаѓање на роковите на декларација со поединечните рокови

Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за контрола на безбеднста на детските новогодишни пакетчиња. Надзорите беа спроведени во магацини за пакување на пакетчиња, маркети и продавници кои вршат промет со овој вид призводи.

Поради несовпаѓање на роковите на збирната декларација со поединечните рокови на производите во пакетчето и заради некомплетни декларации, инспекциските служби на АХВ издадоа 4 решенија со наредба за повлекување од промет на новогодишни пакетчиња, а на двајца оператори со храна, издадени им се решенија со наредби за ставање на збирни декларации на пакетчињата.

Со спроведените 262 инспекциски контроли на безбеднсота на новогодишните пакетчиња, нема оператори со храна кои се парично казнети, ниту е поништена небезнедна храна, информираат од агенцијата.

Во споредба со минатата година спроведените контроли на безбедноста на оваа категорија производи, кога беше утврдено несоодветно означување на пакетчиња, немање декларации и наведен рок на употреба на збирно пакување, најдени беа и пакетчиња кои содржат производи со поминат рок на употреба и со краток рок на трајност на призводите како и производи со променети органолептички својства, годинава, кај операторите, утврдени се само минимални недоследности.

И покрај тоа, АХВ и во нардниов период, особено пред и по новогодишните празници, ќе продолжи со спроведување на контроли за следење на безбедноста на оваа категорија производи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе