Вести Македонија Топ вести

Ѓорѓиевски останува на чело на ЗЕЛС до 2029 година – нови потпретседатели се Изет Меџити и Горан Герасимовски

Градоначалникот на Град Скопје, ​Орце Ѓорѓиевски ќе претседателствува со Заедница на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) и во наредните четири години. Негови потпретседатели се градоначалниците на општините Центар и на Чаир, Горан Герасимовски, односно Изет Меџити. Оваа одлука е донесена на денешната конститутивна седница на Генералното собрание на ЗЕЛС.

Градоначалникот на општина Прилеп Дејан Проданоски е избран за претседател на Надзорниот одбор на ЗЕЛС.

„Од страна на колегите градоначалници ми е дадена едногласна поддршка и доверба да продолжам да го водам ЗЕЛС како претседател во наредниот период. Се надевам дека ќе имаме многу прашања и состојби кои заеднички ќе ги надминеме. Во минатото имавме одредени потешкотии со кои се справувавме, имавме одредени кризи кои заеднички ги решававме. Ќе продолжиме да функционираме заеднички и обединето без да дозволиме политиката да се меша во овие процеси и во нашето дејствување се со цел подобрување на состојбите на општините, поголема децентрализација, особено фискална децентрализација на општините“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој информира дека разговарале со колегите и останува нивна заложба во 2026 година – општините да добијат комунална полиција.

„Нешто што сериозно ќе ни помогне да воспоставиме ред, добра позитивна практика, ќе ни олесни, но ќе им олесни и на државните институции земајќи предвид дека многу од ресурсите на МВР во моментов се трошат за таа проблематика. Во перспектива таа проблематика би ја третирале ние како локална самоуправа“, потенцира Ѓорѓиевски.

Изрази благодарност до колегите за дадената доверба и шанса. – Сега имам цел мандат, за разлика од минатото кога имав речиси половина мандат да го водам ЗЕЛС, додаде Ѓорѓиевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе