Вести Македонија Топ вести

Резолуцијата за мигрантите за власта изнудена, за опозицијата непотребна

Владејачките партии и денеска го бранеа ставот дека биле принудени да поднесат Резолуција со која меѓу другото, „се осудуваат и манипулациите на опозицијата за прифаќање на мигранти„, поради стравот и паниката предизвикани од тврдењата дека владата потпишала договор за прием на одбиени азиланти од Велика Британија. Меѓу деветте точки е и таа со која се потврдува дека „ниту било побарано, ниту е договорено, ниту ќе биде дозволено воспоставување мигрантски кампови, прифатни центри или трајни форми на сместување мигранти на територијата на општините во државата и дека такви активности не се и нема да бидат дел од владините политики“.

  • „Јавноста беше изманипулирана и беше предизвикана паника со лажни обвинувања, при што бевме принудени да донесеме резолуција со која се осудува ваквото однесување на политичките фактори„, рече  Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ. И Беким Ќоку, координатор на пратеничка група на „Вреди„, тврди дека нема никакви скриени договори и прием на мигранти.

Од Левица сметаат дека оваа Резолуција треба да има поинаква содржина, дека со неа треба да биде опфатен делот што предизвика загриженост, а тоа е прием на странци кои се одбиени за азил од Велика Британија, а ќе работат во државата, додека за  „Европски фронт„ таа има само една цел-замолчување на опозицијата.

СДСМ и денеска не присуствуваа на седницата. Својот став го кажаа пред собраниската зграда.

  • „СДСМ нема да биде соучесник во ова национално предавство, мигранти за пари. Нека си ја потпишат таа предавничка Резолуција сами. Нека си ја гласаат сами, заедно со колаборантите од ЗНАМ. Тие многу добро знаат што потпишуваат – предавство на Македонија. А знаат и што следува за предавство„, изјави Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ.

Иако најавија своја резолуција, СДСМ не ја доставија во Собранието затоа што велат дека не им била дозволена дебата на оваа тема.

Далиборка Демјанска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе