Вести Македонија

Оставката на Љупчо Коцевски претставува значајна победа за правната држава, оценка на ВМРО – ДПМНЕ

„За првпат и самиот обвинител го признава тоа што целата јавност го кажуваше: дека Јавното обвинителство не може да продолжи да функционира со изгубен легитимитет, под товар на политички влијанија и со селективна правда“, велат од ВМРО – ДПМНЕ.

Според партијата фактот што оваа оставка доаѓа дури сега, а не уште од првиот ден кога беше очигледно дека институцијата е компромитирана, само дополнително ја потврдува длабочината на проблемот и обидите со месеци да се одржи статус кво кое служеше на поранешната власт.

  • Со оваа оставка се става крај на еден мрачен период, во кој обвинителството беше перципирано како партизиран механизам, а не како независна институција во служба на законот, велат од ВМРО – ДПМНЕ.

(видео)Политичка одлука со егзекуција во Собранието и без аргументи, прв барав одговорност и покренав постапки за обвинители- државниот обвинител Коцевски во обраќањето за оставката

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сиљановска – Давкова: Да имавме консензус поинаку ќе гледаа на нас – не треба да одиме надвор без да се договориме дома

Дејан Дејан

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе