Вести Свет

Умеров: На разговорите во Берлин постигнат е реален напредок

Главниот преговарач на Украина, Рустем Умеров денеска изјави дека претставниците на САД и Украина постигнале реален напредок за време на втората рунда мировни преговори во Берлин за прекин на војната со Русија, објави Ројтерс.

Во текот на изминатите два дена, разговорите меѓу Украина и САД беа конструктивни и продуктивни, при што е постигнат вистински напредок, објави Умеров на платформата Икс, кој е секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина.

Тој истакна дека американскиот тим, предводен од Стив Виткоф и Џаред Кушнер, „работи исклучително конструктивно за да ѝ помогне на Украина да најде пат кон траен мировен договор“.

Претходно и американскиот специјален претставник Стив Виткоф, кој со Зеленски вчера имаше петчасовен разговор изјави дека е постигнат „голем напредок“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе