Вести Економија

„Макпетрол“ предупредува на лажна наградна игра на социјалните мрежи пришто компанијата се наведува како организатор

„Макпетрол“ предупредува за лажна наградна игра што преку линкови се шири на социјалните мрежи пришто компанијата се наведува како организатор. Од компанијата укажуваат дека станува збор за измама и се апелира до граѓаните за игнорирање на пораките.
„Макпетрол“ АД ја информира јавноста дека во приватни пораки на социјалните мрежи почнаа да циркулираат линкови кои водат до лажна наградна анкета со наводна можност за освојување на 37.000 денари, при што „Макпетрол“ лажно се наведува како организатор. Укажуваме дека станува збор за измама и апелираме граѓаните да не кликаат на ваквите линкови, бидејќи на тој начин може да ја загрозат безбедноста на своите електронски уреди и лични податоци“, информираат од „Макпетрол“ АД.
Од таму потсетуваат дека единствени официјални интернет-страници на компанијата се www.makpetrol.com.mk и www.verna.mk, а официјален Facebook-профил е „Макпетрол Ultra“.
„Сите останати пораки, линкови и содржини кои наликуваат на наведените веб-страници и профили се лажни, немаат никаква поврзаност со „Макпетрол“ и треба целосно да се игнорираат“, апелираат од нафтениот гигант.
С.Д.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе